
Холивудскиот актер Антонио Бандерас, кој по 18 години брак се разведе од актерката Мелани Грифит, утеха најде во уште една своја колешка – Шерон Стоун.
Како што пишуваат американските медиуми, меѓу Шерон и Антонио секогаш постоело „нешто“, а сега се поблиски од кога и да било.
– Тие со години беа големи пријатели и секогаш отворено кокетирале. Засега е сѐ отпуштено, а од почит кон Мелани, не сакаат да ја објавуваат својата врска. И двајцата двапати беа во брак, па сега само уживаат – велат блиски пријатели на Стоун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


