Жените што раѓаат во подоцнежната фаза од животот, живеат подолго. Истражувањето покажува дека жените што го раѓаат последното дете по 33-годишна возраст, имаат двапати поголеми шанси да го прослават 95-тиот роденден во споредба со жените кои го раѓаат последното дете до 29-годишна возраст.
– Тоа не значи дека жените треба да го одложат раѓањето на деца, за да го продолжат својот живот. Возраста на последното раѓање може да биде показател за стареењето. Природната способност да имаш дете на постара возраст можеби покажува дека репродуктивниот систем на жените старее бавно, како и целиот нивен организам – вели д-р Томас Перлс од медицинскиот центар кон Бостонскиот универзитет во САД.
Научниците ги анализирале податоците од социјалните генетски истражувања за должината на животот(Long Life Family Study) меѓу 551 семејства. Голем дел од членовите на овие семејства се радуваат на исклучително долг живот.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека, веројатно, жените се виновни за еволуцијата на генетските варијации, кои го забавуваат стареењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



