| четврток, 6 декември 2018 |

Лицата од социјално ранливите категории ќе добијат компјутери

ivo 2
Преку проектот „Компјутери за социјално ранливите категории” компаниите, министерствата и сите граѓани ќе имаат можност да донираат веќе користени компјутери и компјутерска опрема за социјално ранливите категории .

Проектот ќе го реализира Министерството за информатичко општество и администрација и ИКТ комората при Сојузот на Стопански Комори.

-Се работи за концепт со кој што дополнително ќе се намали дигиталниот јаз помеѓу оние кои што имаат компјутер и они кои што немаат, за нашите граѓани од социјално ранливите категории да может да бидат дел од користењето на интернетот – истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Министерот образложи дека сите приватни компании и државни институции кои што имаат ваква опрема која што би сакале да ја донираат да се пријават на веб страницата donacii.mioa.gov.mk која што од 1 јули ќе има посебен формулар, а до тогаш листата на опрема која ја поседуваат ќе можат да ја донираат преку екетронска пошта doniraj@ mioa.gov.mk .

Откако опремата која ќе биде земена од оние кои што ја донирале таа ќе биде репарирана, исчистена, оние делови кои што ќе може да се искористат ќе се искористат и ќе се инсталира систем од оперативен код.

Сите граѓани од социјално ранливите категории, приматели на помош кои се заинтерсирани за оваа опрема ќе можат да се пријават на страната на МИОА или во МТСП.

Претседателот на ИКТ комората при Сојузот на Стопански Комори на Република Македонија, Саша Огненовски изрази голема благодарност до министерот Ивановски за институционализирање на оваа идеја истакувајќи дека придобивките од овој проект ќе бидат огромни.

-Самата ИКТ опрема по природата на нештата многу малку се амортизира во текот на најзиното работење , токму во таа насока ИКТ компаниите предложија овие делови кои што се амортизираат да се репарираат и компјутерите и ИКТ опремата да биде доведена во состојба на користење за крајни корисници и одредени групи на граѓани – истакна Огненовски.

Тој потенцираше дека овој проект ќе овозможи зголемување на компјутерската писменост кај социјално ранливото население со акцент на работоспособното население,а со тоа и посилна и поперспективна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top