| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески во струмичко, се санираат последиците од поплавата

poplavi-vo-strumica-Преземени се мерки за санирање на последиците од поплавите во струмичкиот регион, а во следниот период превентивно ќе се работи со цел да се спречат евентуални нови непогоди, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по посетата на поплавените подрачја.

– Ја увидов состојбата на терен. На овие локации веќе е интервенирано, но ние постојано соработуваме со општините со цел да ги намалиме последиците од надојдените води и да ја санираме состојбата, истакна Јанакиески.

Тој ги посети селата Бисолово, Василево и Сушево каде беа забележани најголеми поплавувања во текот на денешниот ден.

Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), врнежите од дожд предизвикаа поплавување  на станбени и деловни објекти, а излеаните води од реките Радовишка и Водочница поплавиле земјоделски површини.

Од страна на ДЗС обезбедени се повеќе од три илјади вреќи со песок за правење насип на критичните места, како и пумпи за исцрпување на водата од објектите. Во соработка со општините ангажирана е и градежна механизација за правење насипи на речните корита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top