| четврток, 6 декември 2018 |

Црвеното место – причина за појава на рак на дојките?

crveno meso

Консумирање големи колични црвено месо може да го зголеми ризикот од појава на рак на дојките, наведуваат истражувањата.

Едно истражување во САД ја следело здравствената состојба на 89 илјади жени на возраст меѓу 24 и 43 години и тим од стручњаци од Харвард го анализирале режимот на исхрана кај 3.000 жени заболени од рак на дојка.

– Големите колични црвено месо во младост може да го зголемат ризикот од појава на рак на дојка – пишува во извештајот.

Стручњаците напоменуваат дека е добро, покрај одржување на нормална телесна тежина, да се зголемат и физичките активности, а црвеното место да се замени со риба или, пак, со бело месо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top