| четврток, 6 декември 2018 |

Гарај ќе го засили Зенит

Зенит од Санкт Петербург доби големо засилување, Аргентинецот Езекиел Гарај, кој до ова лето беше член на Бенфика, наредната сезона ќе се пресели во Русија.

Искусниот дефанзивец потпиша петгодишен договор со вицешампионот на Русија, на кој ќе му се приклучи веднаш по завршување на Светското првенство.

Пред Бенфика која ќе заработи шест милиони евра од овој трансфер, Гарај ги бранеше боите на Њуелс Олд Бојс, Расинг Сантандер и на Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top