Српскиот претседател Томислав Николиќ со указ го одликува претседателот на Руската Федерација Владимир Путин со Орденот на Република Србија. Путин ќе го носи орденот заради исклучителни заслуги во развивање и зацврснување на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу двете држави.
Николиќ до сега неколкумина поранешни советски лидери. Меѓу другите со Орден на Србија ги закити и белорускиот претседател Лукашенко, грузискиот Саакашвили, казахстанскиот Назарбајев, ерменскиот Сакасијан и азербејџанскиот Алијев. Орден на Србија добија и претседателите на Киргизија, Молдавија, Таџикистан и Туркменистан, Украина и Узбекистан. Меѓу странските државници, Николиќ орден им додели и на шпанскиот премиер Рахоја, грчкиот претседател Папуљас и романскиот Басеску.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


