| четврток, 6 декември 2018 |

Kоњановски во Слатино: „Оштетувањата се сериозни“

slatino branaЗоран Коњановски, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го посети населението во околината на браната Слатино.

По обиколка на браната, согледувајќи ја моментната состојба на акумулацијата и нејзиното полнење од Мраморечката река, Коњановски рече дека сериозно се следи состојбата:

– Оштетувањето е од сериозни размери. Останува координирано да делуваме во рамки на можностите и условите кои, за жал, не одат во прилог доколку се земат предвид временските прогнози, истакна Коњановски по посетата.

Министерството е во постојана комуникација со претствниците на Дирекцијата за зашттиа и спасување, Центарот за управување со кризи, Министерството за животна средина, како и со останатите државни институции.

– Редовно контактираме и со професорите од Градежниот факултет кои извршија увид на состојбите. Како Влада сме тука, заедно со населението од Дебарца и во наредниот период остануваме тука, напомена заменик министерот Коњановски.

За време на посетата, претставниците од ДЗС и ЦУК информираа за досега преземените активности и најавија дека координираната комуникација ќе продолжи и во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top