– Семејствата на 13-те загинатати лица во поплавите во Варна и Добрич ќе добијат еднократна парична помош во износ од по 10.000 лева (5.000 евра) –
соопшти денеска бугарскиот заменик-министер за труд и социјална политика Лазар Лазаров.
Тој информира и дека од Агенцијата за социјална помош ќе им биде исплатен надомест на лицата од поплавените подрачја кои ќе поднесат соодветната барања за отштета.
– До овој момент се поднесени и прифатени 519 барања за отпштета на настраданите од поплавите, нагласи Лазаров, додавајќи дека од нив 226 се од територијата на Варна, 266 од Добрич, 17 од Велико Трново и 10 од територијата на Стара Загора.
Според Лазаров, бројот на досега поднесените барања изнесува нешто над 50 проценти од прелиминарните проценки на надлежните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.