| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот „без обврски“ е добар, но не е за секого

seks

Најново истражување покажало дека сексот без обврски не е воопшто лош. Напротив. За оние кои немаат ништо против ваквиот секс, со него можат да си го подобрат животното задоволство, да се зголеми самодовербата и да се намали анксиозноста.

Последниве година дена, бројни студии укажуваа на негативните страни на слободниот секс кои дефинитивно постојат. Но, најновите истражувања покажуваат дека ваквиот секс всушност може позитивно да влијае на луѓето, но само на оние кои се свесни што точно претставува сексот без обврски.
Истражувањето, чии резултати биле објавени во списанието „Сошл Психолоџи енд Персонал сајанс“ (Social Psychology and Personal science) покажува дека слободниот секс е се’ почест облик на активност помеѓу младите. Оние кои го практикуваат изјавуваат дека многу подобро се чувствуваат после таквата средба. Наведуваат и дека имаат поголемо чувство на самодоверба и ретко се лошо расположени.
Ова се исказите на испитаниците кои практикуваат слободен секс и знаат што точно подразбира истиот, но има и такви со поинакви искуства.
Луѓето кои емотивно се врзуваат и се премногу чувствителни можат да имаат лоши последици по ваквиот секс.
– Луѓето се различни и нивните искуства со слободниот секс (без оврски) се различни. Нашето истражување покажува дека слободниот секс не мора да биде лошо искуство како што тврдеа многу други истражувања. Напротив, за некои може да биде одличен начин за подобрување на квалитетот на животот – изјавила Жана Врангалова, која го спровела истражувањето заедно со својот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top