Австрија вчера даде конечна согласност за контроверзниот, од аспект на Европската унија, руски гасовод Јужен тек, пркосејќи им на европските функционери и топло дочекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин во земјата којашто е долгогодишен купувач на рускиот природен гас, коментира Ројтерс.
Челниците на руски „Газпром“ и на австриски ОМВ го потпишаа во Виена договорот за изградбата на делницата од гасоводот Јужен тек до Австрија, и покрај противењето на Европската унија на овој проект.
Рускиот претседател Владимир Путин по тој повод допатува во еднодневна работна посета на Виена, што е само неговото втора посета во границите на Европската унија откако во март црноморскиот полуостров Крим на референдум си ја поврати автономијата и се присоедини на Руската Федерација, што западот го смета за руско анектирање на украинска територија,
На средбите на Путин со австриските челници беше зборувано за блиските односи меѓу Русија и Австрија, првата членка на Европската унија којашто го потпиша договорот за Јужен тек, а првиот договор за испорака на руски гас го има склучено уште во 1968 година.
Путин притоа ја нарече Австрија „важен и веродостоен“ партнер на Русија којашто по САД и Швајцарија е третиот најголем австриски трговски партнер надвор од ЕУ.
Австрискиот претседател Хајнц Фишер, исто така, ја бранеше одлуката за изградба и оправданоста на гасоводот Јужен тек. „Никој не може да ми објасни, ниту јас можам да му објаснам на австрискиот народ, зошто гасоводот кој минува ни членките на ЕУ и НАТО не може во должина од 50 километри да влезе и во Австрија“, рече шефот на австриската држава.
Според Фишер, споменатиот проект е сосема соодветен и корисен, а истовремено Путин истакна дека тој има стратешко знаење за одржливото снабдување на Европа со енергетски ресурси.
Фишер, исто така, истакна дека се противи на санкциите што западот го воведува против Москва, но сепак на Путин му порача дека со присоединувањето на Крим го прекршува меѓународното право.
Атмосферата сепак стана поопуштена која челникот на австриската стопанска комора потсети дека делови од Украина во 1914 година ѝ припаѓал на Австрија. „Што тоа би требало да значи? Што предлагате?“, се пошегува Путин предизвикувајќи смеа кај бизнисмените.
Јужен тек претставува глобален инфраструктурен проект на рускиот енергетски гигант „Газпром“ со капацитет од 63 милијарди кубни преку акваториумот на Црното Море во земјите од Јужна и Централна Европа со цел да се прошират правците за транзитот на рускиот природен гас и да се исклучат транзитните ризици, особено во Украина. Кон крајот на 2015 година, според планот, треба да бидат испорачани првите количества гас преку Јужен тек, а работата на гасоводот со целосен капаците е предвидена за во 2018 година. Според потпишаниот договор во Виена, рускиот природен гас во Австрија би требало да пристигнува на почетокот од 2017 година.
Меѓутоа, проектот е предмет на голема конфронтација меѓу Русија и Европската унија, поради наводното кршење на европските прописи, но особено во контекстот на кризата во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји