Украинскиот јазик ќе остане единствен државен јазик во Украина, изјави денеска претседателот Петро Порошенко.
– Единствен државен, уставен јазик во Украина беше и останува да биде украинскиот јазик, нагласи Порошенко на средба со претставници на локалната власт и на државната администрација.
Истовремено општините во Украина „ќе имаат целосно право покрај украинскиот да ги користат и другите јазици, меѓу кои и рускиот“ прецизира претседателот на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



