| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ја прими делегацијата од Универзитетот за традиционална кинеска медицина

Претседателот Иванов денес ја прими делегацијата од Универзитетот за традиционална кинеска медицина во Ченгду, Народна Република Кина.

ivan kina

Иванов изразил задоволство од можноста да го возврати гостопримството, кое му беше укажано при посетата на Универзитетот за традиционална кинеска медицина во Ченгду, во рамки на посетата на НР Кина минатиот октомври, на која се отворија вратите за нови можности за соработката во различни сфери од заемен интерес.

Претставниците од Универзитетот за традиционална кинеска медицина, изразиле благодарност за приемот и надеж дека нивната посета ќе отвори едно ново поглавје во соработката меѓу двете земји на полето на образованието, здравството и медицината.

На средбата биле разменети мислења околу пројавените иницијативи и проекти, кои беа разговарани при посетата на претседателот Иванов на Универзитетот за традиционална кинеска медицина во Ченгду, во однос на соработка со универзитети од Република Македонија, за примена и воведување на кинеската традиционална медицина во нашиот здравствен систем, како и обука и едукација на кадар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top