Учеството на државјаните на Босна и Херцеговина во вооружени судири во странство од денеска и официјално е кривично дело за кое следи затворска казна од десет години.
Измените на Законот, со кој се санкционира учеството во судирите во странство на страна на воени, паравоени или параполициски единици стапи во сила откако на 17 јуни беа изгласани од Парламентот на БиХ.
Повод за законските измени е фактот што десетици граѓани на БиХ учествуваа во борбите во Сирија во редовите на екстремистичките исламистички организации.
„Дневни аваз“ објави дека се регистрирани најмалку 80 граѓани учесници во сириската војна. Се претпоставува дека дваесетина загинале, додека 40 се вратени во БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.