| четврток, 6 декември 2018 |

Се очекуваат повеќе од два милиона плика за „Фискална во рака – награда без мака“

fiskalna-nagradna-igra03-Custom
Повеќе од два милиона плика ќе учествуваат во извлекувањето на наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ што ќе се одржи во понеделник, на 30 јуни 2014 година.

– Овој пат повторно имаме стан во Аеродром од преку 50 квадратни метри, исто така, дуќан во Аеродром, автомобил „пежо 208“ и други многубројни награди, ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра. Само за овој месец се пристигнати преку 300 илјади плика, а бидејќи во извлекувањето ќе учестуваат сите претходно неизвлечени пликови од февруари до јуни практично над два милиона плика ќе бидат во игра за добивање на овие вредни награди на играта – рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска, по потпишување на Договорот за финансирање на втората фаза од Проектот за изградба на нова зграда за ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел.

Ова е седмо извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Досега од наградната игра, чијшто приредувач е Државна лотарија на Македонија, под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.

Во пресрет на седмото извлекување, Државна лотарија на Македонија организира карван во рамки на кој се поставени пунктови со наменски кутии на повеќе локации во повеќе населени места.

Карванот тргна од Куманово, а ќе заврши во Струга и во Охрид на 29 јуни 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top