| четврток, 6 декември 2018 |

Од јануари следната година земјоделците ќе треба да се пререгистрираат

zemjodelci-520x313

На 1 јануари следната година ќе започне пререгистрацијата на земјоделците во земјата. Собранието на Република Македонија денеска во рамки на
шестата седница ги изгласа измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов, со кои се предвидува одлагањето.
Одложувањето на почетокот на пререгистрацијата на земјоделците од 1 јуни 2014 за 1 јануари 2015 година е поради софтверско усогласување меѓу Министерството за земјоделство и Управата за јавни приходи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top