Славниот музички пар не штедел за прославата на првиот роденден на својата ќеркичка Блу Ајви. Само за цвеќето на забавата во Њујорк парот потрошил 40.000 долари, јавуваат американските медиуми.
Врв на прославата била Барбиката украсена со 160 дијаманти и бело злато, вредна 80.000 долари.
Поклоните за добредојде на најмалдите гости чинеле 16.000 долари, а возрасните, покрај останатото, добиле златно пенкало со изгравирано име на славеничката.
Славниот музички пар лани беше прогласен за најплатен, со вкупна добивка од 76 милиони долари за една година.
Сепак, малата Блу Ајви ја нема наскапата кукла на светот. Минатата година познатиот златар Стефано Кантури ја изработи најскапата кукла која чини 600.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.