| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Лени Кравиц пиела глина за да изгледа анорексично

Дваесет и пет годишната Зои, ќерката на американскиот музичар Лени Кравиц, за рекордно време ослабнала повеќе од 10 килограми за улогата во филмот„The road within“ во кој глуми анорексична девојка.

Пиев глина поради тоа што го прочистува телото и не чувствувате глад – раскажала Зои во интервјуто за „Ју-Ес викли“.

Zoe Kravitz wears a bikini while playing with the waters of South Beach, Florida

Актерката призна дека во минатото и самата се борела со анорексијата.

Мислам дека секоја девојка поминува низ оваа збунувачка фаза. Нѐ натрупуваат со фотографии според кои треба постојан ода изгледаме како да имаме 14 години – вели таа.

Кравиц вели дека се обидела да ослабне најздраво што може, но на крај завршила со пијалоци полни со глина.  Според неа ова е едно од најлошите нејзините искуства во животот и на никому не му препорачува да слабее на ваков начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top