| четврток, 6 декември 2018 |

Ирска е најдобра земја на светот

sprachreisen-irland_clip_image002

Ирска е избрана за најдобра земја на светот бидејќи најмногу придонела за човештвото и за светот, се тврди во едно ново истражување кое го пренесува „Индепендент“.

Според индексот „Добра земја“, рангирани се земји на основа на 35 фактори кои ги направија Обединетите нации (ОН), Светска банка и други интернационални институции.

Велика Британија во вкупното рангирање е на 7. место, а според критериумот – технолошка индустрија, таа е прва земја, која најмногу придонела во развојот на науката и технологијата.

Иако Ирска е прва, нордијските земји се прифатени како регион кој најмногу придонел во човештвото и на планетата. САД е на 21. место најмногу поради лошите оценки за интернационалниот мир и безбедноста.

Кенија е прогласена за најдобра нација во Африка и се наоѓа на 26. место на листата. Таа е единствена земја од овој континент која успеа да влезе меѓу првите 30 земји.

На дното на листата се Ирак, Либија и Виетнам.

За да се создаде оваа листа, научниците ја разгледале економијата на земјата, а потоа бил проценуван нејзниот придонес во науката, технологијата, културата, интернационалниот мир и сигурност, просперитетот и еднаквоста, како и здравјето и благосостојбата на човештвото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top