| четврток, 6 декември 2018 |

Криза што ќе донесе Со­единети европски држави

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Са­мо мал­ку­ми­на пред сеп­тем­ври­ско­то обра­ќа­ње на акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Пор­ту­га­ле­цот Жо­зе Ма­ну­ел Ба­ро­со, мо­жеа да пре­поз­на­ат де­ка на мар­ги­ни­те на акту­ел­на­та кри­за, всуш­ност, се во­ди де­ба­та, про­мо­ци­ја и за­си­лу­ва­ње на иде­ја­та за фе­де­рал­на Евро­па, што е по­ви­со­ко ни­во на здру­жу­ва­ње од се­гаш­ни­от, пра­ктич­но, хи­бри­ден фор­мат на ме­ѓув­ла­ди­но и на над­на­ци­о­нал­но здру­жу­ва­ње.

goran-kol-02-united-states-of-europe-copy

Авто­бу­сов бре­вта ка­ко Европ­ска уни­ја, уште мал­ку и ќе се рас­пад­не! Кој, ЕУ да се рас­пад­не, не­ма шан­си? Си­гур­но се рас­па­ѓа. Сто про­цен­ти. До­де­ка ние да вле­зе­ме пр­во ќе из­ле­зе Бри­та­ни­ја. Еве слу­шам Бри­тан­ци­те са­ка­ат да из­ле­зат од евро­зо­на­та.

Ова е раз­го­вор од кли­ма­ти­зи­ран, удо­бен авто­бус со та­па­ци­ра­ни се­ди­шта, број „45“, кој во­зи двај­ца пат­ни­ци од цен­та­рот на Скоп­је до на­сел­ба­та Чен­то.

Без раз­ли­ка што на му­а­бе­тот ќе му се нај­де ма­на де­ка Бри­тан­ци­те во­оп­што и не се дел од евро­зо­на­та, тоа е раз­го­вор на кој тре­ба да му се обр­не вни­ма­ние. Не е ка­ра­кте­ри­сти­чен са­мо за Ма­ке­до­ни­ја или за дру­ги­те зем­ји што се кан­ди­да­ти. Ва­кви раз­го­во­ри мо­жат да се слуш­нат и ме­ѓу де­жур­но ре­зер­ви­ра­ни­те Бел­гиј­ци ако зас­лу­ша­те не­вр­зан раз­го­вор во воз од Бри­сел кон Ма­стрихт или, пак, ме­ѓу Бри­тан­ци, ре­дов­но „до­бро­ин­фор­ми­ра­ни“ од таб­ло­и­дот „Сан“, во ави­он од Лон­дон кон Даб­лин… Ва­кви­те раз­го­во­ри ги зна­ат и ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње Фи­ле и ко­ме­са­рот за еко­но­ми­ја Рен, а, се­ка­ко, и Ба­ро­со. Евро­пар­ла­мен­та­ре­цот Нај­џел Фа­ра­ге, ли­де­рот на бри­тан­ска­та пар­ти­ја за не­за­вис­ност, до­бро пла­тен од бу­џе­тот на ЕУ, е, мо­же­би, нај­го­ле­ми­от евро­скеп­тик во це­ла Евро­па, по­го­лем ду­ри и од двај­ца­та при­ја­те­ли од авто­бу­сот број „45“ кон Чен­то. По­твр­да за тоа е се­кој не­гов на­стап на ко­ми­си­и­те во Бри­сел или на пле­нар­ни­те сед­ни­ци ед­наш ме­сеч­но во Страз­бур.

Но, тоа е ЕУ – еден го­лем аван ма­ке­дон­ска са­ла­та полн со не­по­мир­ли­ви ан­та­го­низ­ми, љу­бов­ни вр­ски, ко­кет­ни пог­ле­ди, нож (чи­тај ди­ре­кти­ви или ре­гу­ла­ти­ви) в грб, по не­кој лош „avis“ за не­пос­луш­на зем­ја што е член­ка и, на кра­јот, дру­же­љу­би­во и со­ли­дар­но од­не­су­ва­ње ко­га ста­ну­ва збор за за­ед­нич­ка­та по­ли­ти­ка. Да­ма­та што го­ди­на­ва до­би Но­бе­ло­ва на­гра­да за мир е, всуш­ност, ве­шта и до­те­ра­на ста­ри­ца со до­бро здрав­је, ко­ја ка­ко да се сим­на­ла од по­сте­рот из­да­ден по по­вод го­ди­наш­на­та европ­ска го­ди­на за актив­но ста­ре­е­ње и за со­ли­дар­ност ме­ѓу ге­не­ра­ци­и­те.

На­стра­на си­те ше­ги. И по­крај си­те кри­ти­ки и потс­меш­ли­ви ко­мен­та­ри на не­го­ва сме­тка, Но­бе­ло­ви­от ко­ми­тет не згре­ши. Да се обез­бе­ди 67 го­ди­ни ге­не­ра­лен мир на кон­ти­нен­тот на кој цик­лич­но, ка­ко по пра­ви­ло, на се­кои три­е­се­ти­на го­ди­ни се во­ди по ед­на го­ле­ма вој­на, а по­че­сто и по­ма­ли, е ус­пех за по­чит. Без раз­ли­ка на си­те гре­шки што, мо­же­би, ги на­пра­ви­ле неј­зи­ни­те ин­сти­ту­ции, ка­ко на при­мер во ју­гос­ло­вен­ска­та кри­за во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, Европ­ска­та уни­ја, без кон­ку­рен­ци­ја, е убед­ли­во нај­ус­пеш­ни­от про­ект за мир во свет­ска­та исто­ри­ја, кој до­нел ста­бил­ност и прос­пе­ри­тет на кон­ти­нен­тот што знае и за сто­го­диш­ни вој­ни, но и за кра­тко­трај­ни кр­ва­ви су­ди­ри.
goran-kol-02-slika-za-eu-goran-copyНо, ако се вра­ти­ме на раз­го­во­рот нас­луш­нат во „че­ти­ри­е­сет и пе­тка­та“ на пат кон Чен­то, јас­но е де­ка ЕУ до­жи­ву­ва кри­за што има мно­гу по­го­ле­мо зна­че­ње од глав­ни­от атри­бут „еко­ном­ска“. Ва­кви кри­зи Уни­ја­та има до­жи­ве­а­но не­кол­ку, ка­ко на при­мер таа од 70-ти­те го­ди­ни, ко­га се по­ја­ви Единс­тве­ни­от европ­ски акт. Се­ка­ко, за не­го слуш­на­ле са­мо за­ко­ра­ве­ни­те ад­ми­ни­стра­тив­ци и лу­ѓе­то што ги изу­чу­ва­ат евро­ин­сти­ту­ци­и­те , но не го спо­ме­ну­вам слу­чај­но. Таа си­ту­а­ци­ја е мо­дус ви­вен­ди за тоа ка­ко функ­ци­о­ни­ра ЕУ. На се­кој проб­лем што ќе искрс­не, а во­ди кон де­зин­те­гра­ци­ја или рас­пад, Уни­ја­та ре­а­ги­ра со уште под­ла­бо­ка ин­те­гра­ци­ја. Всуш­ност, зем­ји­те ка­ко Ма­ке­до­ни­ја, кои се во про­цес на при­ста­пу­ва­ње, по мал­ку и се ла­жат со тер­ми­нот „ин­те­гра­ти­вен про­цес“. Тој е ре­зер­ви­ран за тоа што сле­ду­ва по при­ста­пу­ва­ње­то. Име­но, ко­га Бри­сел­ци ќе ре­чат „ин­те­гра­ци­ја“, всуш­ност, мис­лат на вна­треш­на ин­те­гра­ци­ја, или ко­хе­зи­ја, или за­ед­нич­ка по­ли­ти­ка, ин­стру­мен­ти и актив­но­сти.

goran-kol-02-Beck-Ulrich_2007-copy

Професор Улрих Бек

„ЕУ е во кри­за отка­ко е соз­да­де­на“, ве­ли У­лрих Бек, во­деч­ки гер­ман­ски со­ци­о­лог, кој др­жи две пре­стиж­ни ка­те­дри, ед­на во Мин­хен, а дру­га­та во Лон­дон­ска­та шко­ла за еко­но­ми­ја (Munich University and at the London School of Economics) во ед­но ско­раш­но ин­терв­ју. Бек ве­ли де­ка мо­ра да се збо­ру­ва отво­ре­но за мож­но­ста од крах со цел да се спре­чи та­кво не­што. Всуш­ност, овој еми­нен­тен автор, за­ед­но со Да­ни­ел Кон Бен­дит, евро­пар­ла­мен­та­рец, чо­век што во 1968 ги во­де­ше сту­дент­ски­те про­те­сти во Фран­ци­ја, а се­га е гер­ман­ски евро­пра­те­ник, ко­пре­тсе­да­вач на гру­па­та европ­ски зе­ле­ни и на Европ­ска­та сло­бод­на али­јан­са и про­по­нент на иде­ја­та за фе­де­рал­на Евро­па, пред не­кол­ку го­ди­ни на­пи­ша ма­ни­фест на­ре­чен „Ние сме Евро­па“. Во не­го тие пред­ла­га­ат по­втор­на из­град­ба на ЕУ ток­му трг­ну­вај­ќи од по­сту­ла­тот де­ка има проб­лем во по­стој­ни­от европ­ски иден­ти­тет. Ин­те­рес­но е што овој ма­ни­фест е, пра­ктич­но, по­лу­ин­сти­ту­ци­о­на­лен памф­лет на са­ма­та ЕУ. Пр­во е на­пи­шан во рам­ки­те на офи­ци­јал­на­та Европ­ска го­ди­на за во­лон­терс­тво, вто­ро на не­го се пот­пи­ша­ни де­се­ти­ци про­е­вроп­ски ими­ња на функ­ци­о­не­ри, но­ви­на­ри и на фи­ло­зо­фи од ти­пот на Жек Де­лор, по­ра­не­шен пре­тсе­да­тел на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Јо­шка Фи­шер, Ри­хард фон Вај­це­кер и на Ха­ви­ер Со­ла­на, по­тоа ве­ќе ле­ген­дар­ни­те фи­ло­зо­фи Зиг­мунд Ба­у­ман, Ен­то­ни Ги­денс и Јир­ген Ха­бер­мас, ка­ко и умет­ни­ци­те Вим Вен­дерс, Кла­ус Ва­ген­бах или но­бе­лов­ци­те Хер­та Ми­лер и Имре Кер­теш и сто­ти­ци дру­ги ми­ни­стри, по­ли­ти­ча­ри, на­уч­ни­ци, умет­ни­ци и пи­са­те­ли.

Ва­кви­от од­нос на лу­ѓе­то што го фор­ми­ра­ат мис­ле­ње­то и до­не­су­ва­ат од­лу­ки во Евро­па да­ва га­ран­ци­ја де­ка да­ма­та е во ло­ша фи­зич­ка кон­ди­ци­ја, но со до­бро здрав­је. Ин­си­сти­рај­ќи де­ка по­стои кри­за и де­ка во игра се го­ле­ми вло­го­ви, ка­ко што се тен­ден­ци­и­те кон по­втор­но соз­да­ва­ње на­ци­о­нал­ни др­жа­ви, Бек ве­ли де­ка Евро­па е кај­га­на од ко­ја не мо­же да се од­де­лат бел­ка­та и жолч­ка­та. Но, де­ка оваа кри­за, имај­ќи ги пред­вид сред­на­та кла­са и оп­шта­та по­вр­за­ност пре­ку но­ви­те ме­ди­у­ми, мож­на е ре­во­лу­ци­ја што ќе из­не­дри ба­рем пар­че европ­ска свест. Осо­бе­но што исто­ри­ја­та по­ка­же де­ка и на­ци­о­нал­ни­те др­жа­ви про­из­лег­ле од слич­ни кри­зи.

Си­ла­та на ЕУ про­из­ле­гу­ва од неј­зи­ни­те кос­мо­по­лит­ски те­ме­ли, приз­на­ва­ње и ин­сти­ту­ци­о­на­ли­зи­ра­ње на раз­лич­но­ста и од ми­си­ја­та за за­чу­ву­ва­ње на ми­рот на кон­ти­нен­тот. До­каз за ова се осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, рас­па­дот на со­вет­ски­от блок, па­дот на Бер­лин­ски­от ѕид, го­ле­мо­то цу­на­ми во кое пет­на­е­се­ти­на др­жа­ви од ед­но­пар­ти­ски си­стем пре­ми­наа во по­ве­ќе­пар­ти­ска плу­рал­на де­мо­кра­ти­ја. ЕУ по­ка­жа хра­брост не­ко­гаш­ни­те не­при­ја­те­ли да ги пре­тво­ри во до­бри со­се­ди, а по­тоа и парт­не­ри ед­на­кви на се­бе. Исто­ри­ски пре­се­дан и луд по­тег што, евен­ту­ал­но, би мо­жел да се спо­ре­ди са­мо со евен­ту­ал­на аван­ту­ра во ко­ја САД би ги спо­и­ле Ме­кси­ко, Ни­ка­ра­гва, Ко­ста­ри­ка и, впро­чем, це­ла сред­на Аме­ри­ка за­ед­но со се­та евти­на ра­бот­на си­ла што би се рас­пос­ла­ла од Њу Хемп­шир до Ка­ли­фор­ни­ја и од Оре­гон до Фло­ри­да.

goran-kol-02-NobelEU-copyНо­бе­ло­ва­та на­гра­да за ЕУ

По УНХЦР, УНИЦЕФ, Цр­ве­ни­от крст, ИЛО и уште не­кол­ку дру­ги ор­га­ни­за­ции, ка­ко што бе­ше со­оп­ште­но на 12 октом­ври, и ЕУ ста­на но­си­тел на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да за мир. Во сво­јот те­ста­мент Ал­фред Но­бел на­пи­ша: „ оста­ви­на­та тре­ба да би­де по­де­ле­на на пет ед­на­кви де­ла… еден дел за тие што нај­до­бро или најм­но­гу ќе ра­бо­тат за брат­ство­то ме­ѓу на­ци­и­те, за уки­ну­ва­ње или на­ма­лу­ва­ње на по­стој­ни­те ар­мии и за за­лож­би и про­мо­ци­ја на ми­рот“.

Пр­вич­но мал­ку чуд­но проз­ву­чи де­ка ед­на ор­га­ни­за­ци­ја до­би Но­бе­ло­ва на­гра­да за мир, ме­ѓу­тоа во пра­ви­ла­та на Ко­ми­те­тот уба­во си стои – мо­же да би­дат кан­ди­ди­ра­ни и асо­ци­ја­ции и ин­сти­ту­ции.

Но, тоа се тех­нич­ки ра­бо­ти. Тоа што е по­важ­но е ка­ко е до­че­ка­на на­гра­да­та во европ­ски­те кру­го­ви. По­ли­ти­ча­ри­те, се­ка­ко, со нас­ме­вки, евро­кра­ти­те ег­зал­ти­ра­ни, евро­скеп­ти­ци­те со потс­мев. Се чи­ни гла­сот на раз­у­мот дој­де од Гер­ма­не­цот Јир­ген Ха­бер­мас, до­а­јен, жи­ва ле­ген­да на де­неш­ни­те со­ци­о­ло­ги­ја и фи­ло­зо­фи­ја. Во пис­мо об­ја­ве­но на 21 октом­ври во „Ла Ре­пуб­ли­ка“, нас­ло­ве­но ка­ко „Апел од Ос­ло“, Ха­бер­мас пи­шу­ва де­ка во мо­мен­ти­те на нај­го­ле­ма­та кри­за во сво­ја­та исто­ри­ја, дој­де вест де­ка ЕУ до­би­ла Но­бе­ло­ва на­гра­да за мир. Но­бе­ло­ва­та на­гра­да за мир јас­но им ста­ва до зна­е­ње на вла­ди­те на европ­ски­те зем­ји од евро­зо­на­та де­ка тре­ба да пре­зе­мат че­ко­ри за под­ла­бо­ки европ­ски ин­те­гра­ции. Тоа во тек­стот го пи­шу­ва цр­но на бе­ло и тоа ба­рем на три ме­ста.

„Ние Евро­пеј­ци­те, во овој мо­мент сто­и­ме ти­вко и не­ре­ши­тел­но на пра­гот на Евро­па на две бр­зи­ни. За­тоа до­де­лу­ва­ње­то на Но­бе­ло­ва­та на­гра­да го гле­дам ка­ко по­вик на со­ли­дар­ност ме­ѓу неј­зи­ни­те гра­ѓа­ни, кои тре­ба да се из­јас­нат ка­ква Евро­па са­ка­ат. Са­мо со за­си­лу­ва­ње на ин­сти­ту­ци­и­те на цен­тра­ли­зи­ра­на Евро­па ќе мо­же­ме да го скро­ти­ме ка­пи­та­лиз­мот што из­бе­га од кон­тро­ла и ќе го за­пре­ме про­це­сот на вна­тре­шен рас­пад на Уни­ја­та“.

Са­мо мал­ку­ми­на пред сеп­тем­ври­ско­то обра­ќа­ње на акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Пор­ту­га­ле­цот Жо­зе Ма­ну­ел Ба­ро­со, мо­жеа да пре­поз­на­ат де­ка на мар­ги­ни­те на акту­ел­на­та кри­за, всуш­ност, се во­ди де­ба­та, про­мо­ци­ја и за­си­лу­ва­ње на иде­ја­та за фе­де­рал­на Евро­па што, се­ка­ко, е по­ви­со­ко ни­во на здру­жу­ва­ње од се­гаш­ни­от пра­ктич­но хи­бри­ден фор­мат на ме­ѓув­ла­ди­но и на над­на­ци­о­нал­но здру­жу­ва­ње. Фе­де­ра­тив­на Евро­па за ос­но­ва ја има иде­ја­та за „Евро­па на по­ве­ќе бр­зи­ни“ (Multi-speed Europe) во кој европ­ски­те зем­ји што са­ка­ат по­ин­те­гри­ра­на Евро­па мо­же да го за­бр­за­ат здру­жу­ва­ње­то на по­ли­ти­ка­та, до­де­ка дру­ги­те мо­же да одат со по­бав­но тем­по и мо­же да се прик­лу­чат по­е­ди­неч­но или груп­но кон дру­ги­те. И ова ве­ќе функ­ци­о­ни­ра – при­ме­ри се евро­зо­на­та и шен­ген­ска­та зо­на.

Иде­ја­та за фе­де­рал­на Евро­па не е од вче­ра – да­ти­ра од 1923 го­ди­на, од па­не­вроп­ски­от ма­ни­фест, пре­ку го­во­рот на Ари­стид Бри­јанд во Ли­га­та на на­ци­и­те и го­во­рот на Чер­чил за Обе­ди­не­ти европ­ски на­ции, па сѐ до Уни­ја­та на европ­ски фе­де­ра­ли­сти, ко­ја е актив­на ве­ќе 50 го­ди­ни.

goran-kol-02-eu-znak-copyДе­ка па­ра­лел­но со акту­ел­на­та европ­ска кри­за се слу­чу­ва разд­ви­жу­ва­ње за уште под­ла­бо­ка ин­те­гра­ци­ја во Евро­па збо­ру­ва и фор­ми­ра­ње­то на та­ка­на­ре­че­на­та „Спи­не­ли гру­па“ во Европ­ски­от пар­ла­мент – фор­ми­ра­на од Ги Вер­хов­штад, кој ре­чи­си 10 го­ди­ни бе­ше пре­ми­ер на Бел­ги­ја, а во мо­мен­тов е ли­дер на АЛДЕ (Али­јан­са на ли­бе­ра­ли­те и на де­мо­кра­ти­те во ЕП) и е со­ста­ве­на од еми­нент­ни ими­ња ка­ко што се Јо­шка Фи­шер, Бру­но Мон­ти, Жак Де­лор или Пат Кокс. Оваа гру­па јас­но ја дек­ла­ри­ра сво­ја­та цел – да се нај­де фе­де­рал­но мно­зинс­тво ме­ѓу чле­но­ви­те на ЕП за важ­ни пра­ша­ња. Ини­ци­ја­ти­ва­та фор­ми­ра­на во сеп­тем­ври 2010 го­ди­на има мре­жа след­бе­ни­ци од истра­жу­вач­ки ор­га­ни­за­ции, нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, ака­дем­ци пи­са­те­ли и по­ли­ти­ча­ри.

Се­ка­ко, клу­чен че­кор во овој пра­вец на­пра­ви Ба­ро­со, кој на 12 сеп­тем­ври во Страз­бур пред евро­пар­ла­мен­тар­ци­те по­ви­ка на соз­да­ва­ње европ­ска фе­де­ра­ци­ја. Би­деј­ќи ЕУ тра­ди­ци­о­нал­но на се­ко­ја кри­за од­го­ва­ра со уште под­ла­бо­ка ин­те­гра­ци­ја, Ба­ро­со вр­тог­ла­во хра­бро (ко­мо­ди­тет што, се­ка­ко, му го овоз­мо­жу­ва вто­ри­от ман­дат на че­ло на европ­ска­та вла­да) отво­ре­но по­ви­ка на фе­де­рал­на Евро­па, нов до­го­вор што ќе го над­ми­не не­о­дам­на до­не­се­ни­от во Ли­са­бон, и на уште под­ла­бо­ка ин­те­гра­ци­ја на зем­ји­те што се член­ки.

Се­ка­ко, вни­ма­тел­но се огра­ди од соз­да­ва­ње „су­пер­др­жа­ва“ ту­ку „ де­мо­крат­ска фе­де­ра­ци­ја на на­ци­о­нал­ни др­жа­ви, кои ќе мо­жат да ги ре­ша­ва­ат за­ед­нич­ки­те проб­ле­ми пре­ку спо­де­лу­ва­ње на су­ве­ре­ни­те­тот“.

Би­деј­ќи ова мо­же да проз­ву­чи страш­но во уши­те на де­жур­ни­те пок­ло­ни­ци на те­о­ри­и­те на за­го­вор, не­ка не­ма ди­ле­ми – и до­се­га зем­ји­те што се член­ки, па и зем­ји­те што се кан­ди­да­ти, ка­ко што е Ма­ке­до­ни­ја, от­ста­пу­ваа дел од сво­јот су­ве­ре­ни­тет кон ЕУ. Ед­но­став­но, та­ка што до­бро­вол­но при­фа­ќа­ат да го усог­ла­сат, вне­сат и спро­ве­дат европ­ско­то за­ко­но­дав­ство во до­маш­но­то. А ста­ну­ва збор за по­ве­ќе од 120.000 стра­ни­ци европ­ско acquis communautaire (за­ед­нич­ко за­ко­но­дав­ство).
Кај нас дол­го вре­ме не­кри­тич­ки се ко­мен­ти­ра иде­ја­та за Евро­па на две и на три бр­зи­ни ка­ко су­штин­ски до­каз де­ка „ЕУ се рас­па­ѓа“ без да се има прет­ста­ва де­ка ва­кви­от на­чин на до­не­су­ва­ње од­лу­ки е во ин­те­рес на по­ма­ли­те зем­ји што се член­ки од ед­но­став­на при­чи­на што по­го­ле­ма­та ин­те­гра­ци­ја, при­тоа имај­ќи го пред­вид на­че­ло­то за га­ран­ци­ја на раз­лич­но­ста (пре­то­че­но во ре­гу­ла­ти­ви и во ди­ре­кти­ви) е сим­би­о­за во до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки и во соз­да­ва­ње­то на европ­ска­та по­ли­ти­ка.

goran-kol-02-baroso-copy

Жозе Мануел Баросо

ЕУ ка­ко зе­ле­на ма­са за конф­ли­кти

Уни­ја­та, со си­те неј­зи­ни сла­бо­сти по­ра­ди спро­тив­ста­ве­ни­те ин­те­ре­си, се­пак е еден го­лем ни­ве­ла­тор на при­кри­е­ни и на акут­ни конф­ли­кти. Са­мо ако пог­лед­не­те ка­ко се стру­кту­ри­ра­ни ин­сти­ту­ци­и­те, јас­но е за кол­ку сло­жен си­стем збо­ру­ва­ме. Во до­ку­мен­ти­те на ЕУ стои де­ка Европ­ски­от пар­ла­мент ги за­ста­пу­ва ин­те­ре­си­те на гра­ѓа­ни­те (из­би­рач­ки­от кор­пус се мо­би­ли­зи­ра на не­по­сред­ни из­бо­ри). Европ­ски­от со­вет, во кој се­дат ше­фо­ви на др­жа­ви и на вла­ди, ги за­ста­пу­ва по­е­ди­неч­ни­те ин­те­ре­си на зем­ји­те што се член­ки, а на че­ло е Бел­ги­е­цот Хер­ман вон Ром­пуј во две и пол­го­ди­шен ман­дат. Европ­ска­та ко­ми­си­ја, пак, во­де­на во два пе­тго­диш­ни ман­да­ти од Ба­ро­со, ги за­ста­пу­ва за­ед­нич­ки­те ин­те­ре­си на ЕУ, соз­да­ва за­ко­ни и се гри­жи за пра­вил­но спро­ве­ду­ва­ње на до­го­во­ри­те на Уни­ја­та. Не тре­ба ду­ри ни да се спо­ме­ну­ва­ат уште два­е­се­ти­на те­ла и ин­сти­ту­ции на ЕУ.

Во ед­на та­ква кон­сте­ла­ци­ја на од­но­си, игра­чи­те се на­о­ѓа­ат во си­ту­а­ци­ја да раз­го­ва­ра­ат на мно­гу ни­воа. Пра­ктич­но, ед­на од нај­фи­ни­те ве­шти­ни со кои рас­по­ла­га­ат евро­кра­ти­те е на­о­ѓа­ње­то ре­ше­ни­ја во нај­не­воз­мож­ни си­ту­а­ции. Има без­број при­ме­ри – од ре­ша­ва­ње­то на хр­ват­ско-сло­ве­неч­ки­от спор, пре­ку ре­ша­ва­ње на тр­гов­ски­те спо­ро­ви, до днев­но­то по­ми­ру­ва­ње на аген­ди­те на ко­ме­са­ри­те, ми­ни­стри­те, ам­ба­са­до­ри­те и урам­но­те­жу­ва­ње ме­ѓу нив­ни­те ин­те­ре­си во си­те мож­ни ва­ри­јан­ти на те­о­ри­и­те на игри­те (win-win, lose-lose, win-lose, zero-sum или non-zero-sum).
ЕУ оп­ста­ну­ва од пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век и при­тоа не збо­ру­ва­ме за не­ка­ков фо­рум на др­жа­ви од ти­пот на ГАТ ту­ку за 27 др­жа­ви со за­ед­нич­ка по­ли­ти­ка ре­чи­си во се­ко­ја сфе­ра (од зем­јо­делс­тво до ца­ри­на). Не­кои ко­ле­ги, кои со де­це­нии ја по­кри­ва­ат ЕУ, ве­лат де­ка Уни­ја­та е ед­на го­ле­ма зе­ле­на ма­са на ко­ја се­којд­нев­но се те­сти­ра европ­ски­от про­ект.
Има не­кол­ку сце­на­ри­ја за ЕУ – но, ед­но е из­вес­но- по­тен­ци­ја­лот за ин­те­гра­ци­ја е огро­мен, де­зин­те­гра­ци­ја­та е во­вед во спи­ра­ла на конф­ликт со лош крај и со огром­ни ште­ти. Ова го зна­ат си­те, ду­ри и но­ви­те ра­ди­ка­ли, се­це­си­о­ни­сти и ул­тра­на­ци­о­на­ли­сти.

Ди­на­ми­ка­та на про­це­си­те во ЕУ по­не­ко­гаш е те­шко сфат­ли­ва од ра­кур­сот на ед­на ма­ла зем­ја, ко­ја ве­ќе дол­го вре­ме се оби­ду­ва да „стап­не“ на тој кон­ти­нент, осо­бе­но што сло­же­ни­те од­но­си вна­тре, чув­ство­то на на­мет­на­ти и на не­на­гра­де­ни дол­го­го­диш­ни не­ус­пеш­ни ре­фор­ми, не­до­вол­но об­јас­не­ти­те ме­ха­низ­ми на функ­ци­о­ни­ра­ње на ин­сти­ту­ци­и­те на ЕУ од си­те до­се­гаш­ни ма­ке­дон­ски вла­сти (вклу­чу­вај­ќи ги ту­ка и ме­ди­у­ми­те) и не­под­нос­ли­ва­та јуж­на не­прин­ци­пи­ел­на преч­ка, соз­да­ва­ат фру­стра­ци­ја што пре­диз­ви­ку­ва евро­за­мор и евро­скеп­ти­ци­зам во крај­на ли­ни­ја.

Ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво стои на­стра­на од си­те овие збид­ну­ва­ња, до­де­ка псев­до­а­на­ли­ти­ча­ри­те во ноќ­ни­те ча­со­ви, отво­ре­но, со до­за на ма­ал­ско мај­та­пе­ње фа­ќа­ат се­ир на ге­не­рич­ка­та кри­за, има­нент­на на се­кој го­лем про­ект ка­ко што е Европ­ска­та уни­ја. Го­ле­ма­та сли­ка ре­дов­но ни бе­га по­ра­ди тра­ди­ци­о­нал­но сла­би­от „ап­сорп­ци­ски ка­па­ци­тет“ (па­тем, тоа е че­твр­ти­от ма­дрид­ски кри­те­ри­ум за влез во ЕУ, но во обрат­на на­со­ка). Би би­ло до­бро не­кои од на­ши­те ин­те­ле­кту­ал­ци и те­о­ре­ти­ча­ри да се из­јас­нат за дел од раз­мис­лу­ва­ња­та што се слу­чу­ва­ат ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни на на­ши­от кон­ти­нент. Или де­ле­га­ци­ја­та, пак, ќе доц­ни…во Јај­це…

Ма­ке­до­ни­ја… а и ина­е­тот чу­ка ко да­мар по­не­ко­гаш

Нај­до­бри­от из­ве­штај на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за Ма­ке­до­ни­ја до­се­га, енер­гич­ни­от го­вор на ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње Фи­ле, но­ви­от при­стап „пре­го­во­ри без ре­ша­ва­ње на име­то“ е свеж им­пулс во овој не­сфат­лив ста­тус кво.

Бри­сел, осо­бе­но Ге­не­рал­ни­от ди­ре­кто­рат за про­ши­ру­ва­ње, по­дол­го вре­ме е во не­при­јат­на си­ту­а­ци­ја со Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја пр­ва во ре­ги­о­нот пот­пи­ша До­го­вор за ста­би­ли­за­ци­ја и за асо­ци­ја­ци­ја, се­дум го­ди­ни е зем­ја што е кан­ди­дат, че­твр­ти пат до­би­ва пре­по­ра­ка за по­че­ток на пре­го­во­ри, европ­ско­то за­ко­но­дав­ство ве­ќе че­ти­ри го­ди­ни ин­тен­зив­но се транс­по­ни­ра во ма­ке­дон­ско­то, во ме­ѓу­вре­ме Цр­на Го­ра ја пре­стиг­на Ма­ке­до­ни­ја иа­ко пред осум го­ди­ни, ко­га Ма­ке­до­ни­ја од­го­ва­ра­ше пра­шал­ник, во Под­го­ри­ца не­ма­ше ни­ту „и“ од не­ка­ква др­жав­на „ин­сти­ту­ци­ја“ за­дол­же­на за ЕУ, Ср­би­ја ја вта­са Ма­ке­до­ни­ја…

goran-kol-02-ivanov-rompuj-za-goran-tema-copy

Иванов и Ромпуј – Советот на ЕУ ја прифаќа препораката

До­бра­та вол­ја на бри­сел­ски­те ин­сти­ту­ции и на служ­бе­ни­ци­те во европ­ски­те ин­сти­ту­ции (Пар­ла­мен­тот и Ко­ми­си­ја­та) има­ат ед­на го­ле­ма преч­ка, ко­ја се ви­ка Европ­ски со­вет (ше­фо­ви на др­жа­ви и на вла­ди, ме­ѓу кои и Гр­ци и Ки­пра­ни), те­ло што за­се­да­ва во де­кем­ври. Фи­ле ду­ри из­ја­ви де­ка Ко­ми­си­ја­та е под­го­тве­на вед­наш да из­ле­зе со не­оп­ход­на­та пре­го­ва­рач­ка рам­ка (чи­тај пре­го­ва­рач­ки по­зи­ции за пог­лав­ја­та 23 (судс­тво и ос­нов­ни пра­ва) и 24 (прав­да, сло­бо­да и без­бед­ност)).

Тоа што јав­но­ста го оче­ку­ва во де­кем­ври е пас за по­че­ток на пре­го­во­ри­те.

Се­пак, по­сто­јат две кра­тко­роч­ни сце­на­ри­ја:
– Со­ве­тот ја при­фа­ќа пре­по­ра­ка­та. По пра­ви­ло, тре­ба да има ед­но­го­диш­но та­ка­на­ре­че­но наб­љу­ду­ва­ње ( се гле­да кол­ку од за­ко­но­дав­ство­то на зем­ја­та е усог­ла­се­но со тоа на ЕУ), па по­тоа се поч­ну­ва со пре­го­во­ри по пог­лав­ја. Ме­ѓу­тоа, тоа што Фи­ле, не­го­ви­от ко­ме­са­ри­јат и де­ле­га­ци­ја­та на ЕУ ус­пе­а­ја да го сра­бо­тат ми­на­та­та го­ди­на во ко­рист на Ма­ке­до­ни­ја е ви­со­ки­от по­ли­тич­ки ди­ја­лог, кој, ка­ко и да се свр­ти, е сво­е­вид­но наб­љу­ду­ва­ње. Ова зна­чи де­ка не­ма да би­де чу­до ако пре­го­во­ри­те по две­те пог­лав­ја оп­ти­ми­стич­ки поч­нат на­про­лет, а си­гур­но на­е­сен. По­тоа сле­ду­ва за­стој – бло­ка­да од Гр­ци­ја или од Ки­пар.

– Со­ве­тот не ја при­фа­ќа пре­по­ра­ка­та. Ма­ке­до­ни­ја тап­ка во ме­сто. По­ли­тич­ки­от ди­ја­лог про­дол­жу­ва мно­гу тех­нич­ки, се гу­би мо­мен­тот, мо­ти­вот, се ја­ву­ва за­мор од про­це­сот, раз­о­ча­ра­ност и евро­скеп­ти­ци­зам.

Ова пос­лед­но­то, всуш­ност, го по­со­чу­ва и Европ­ска­та ко­ми­си­ја во го­ди­наш­ни­от стра­те­ги­ски до­ку­мент за про­ши­ру­ва­ње­то:
„Ко­ми­си­ја­та ве­ру­ва де­ка оде­ње­то на­пред во про­це­сот на при­ста­пу­ва­ње во след­на­та фа­за е не­оп­ход­но за да се кон­со­ли­ди­ра тем­по­то и одрж­ли­во­ста на ре­фор­ми­те, да се на­ма­лат ри­зи­ци­те од на­за­ду­ва­ње на про­це­сот, ка­ко и да се за­си­лат ме­ѓу­ет­нич­ки­те ре­ла­ции. Тоа, исто та­ка, ќе го по­до­бри кре­ди­би­ли­те­тот на ЕУ и ќе слу­жи ка­ко охра­бру­ва­ње за ре­фор­ми­те и на дру­ги ме­ста во ре­ги­о­нот“.

Ин­ди­ка­тив­но е што во ва­ква кон­струк­ци­ја на ре­че­ни­ца дип­ло­мат­ски се по­со­че­ни ме­ѓу­ет­нич­ки­те ре­ла­ции. ЕУ е свес­на де­ка ос­нов­но­то вр­зив­но тки­во на пар­ти­и­те во се­ко­ја вла­да во Ма­ке­до­ни­ја, па и на­до­лу во оп­штес­тве­на­та ска­ла се ин­те­гра­ци­и­те во ЕУ и во НАТО.

goran-kol-02-koppa-copy

Марија Елени Копа, грчка европратеничка:
Нема паралелно преговори за име и членство

Пос­лед­ни­те ин­фор­ма­ции за са­ми­тот во де­кем­ври не одат в при­лог на Ма­ке­до­ни­ја. Чле­нот на Европ­ски­от пар­ла­мент од ПАСОК Ма­ри­ја Еле­ни Ко­па из­ја­ви де­ка за Ати­на е не­при­фат­ли­во Ма­ке­до­ни­ја да поч­не со пре­го­во­ри би­деј­ќи тоа ќе зна­чи од­ло­жу­ва­ње на ре­ше­ни­е­то. Таа ду­ри не сме­та де­ка зем­ја­та е под­го­тве­на за по­че­ток на пре­го­во­ри.

Дол­го­роч­но сце­на­рио за Ма­ке­до­ни­ја, до­кол­ку не се нај­де ре­ше­ние за спо­рот со Гр­ци­ја, е спе­ци­ја­лен ста­тус за Ма­ке­до­ни­ја. Не­што слич­но на тоа што го има­ат Нор­ве­шка, Лих­тен­штајн и Ис­ланд (иа­ко ве­ќе ста­на зем­ја што е кан­ди­дат)во рам­ки на Европ­ска­та еко­ном­ска об­ласт, ре­ше­ние што во 1994 го­ди­на се ре­а­ли­зи­ра пре­ку ЕФТА.

Ед­но е си­гур­но – членс­тво­то во ЕУ е го­лем и исто­ри­ски про­ект за Ма­ке­до­ни­ја. Да се од­не­гу­ва и да се из­не­се на пле­ќи ва­ква иде­ја и при­тоа да се по­ми­ну­ва­ат тол­ку мно­гу преч­ки е под­виг го­лем кол­ку пла­ни­на. По­тре­бен е. А и ина­е­тот чу­ка ко да­мар по­не­ко­гаш…

 

(објавено во 8. број на неделникот „Република“, 26.10.2012)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top