Ширли (76) ја пееше песната „Голдфингер“ од истоимениот филм од 1964 година во рамките на сегментот посветен на 50-годишнината на филмовите за Џејмс Бонд.
Пејачката од Велс покажа дека има еднакво моќен вокал како и пред половина век, а во тесното здолниште во златна боја делуваше многу помлада. Таа рече дека настапот на Оскарите за неа е „возбудување на животот“.
Иако на црвениот килим имаше црно здолниште, за настапот ја промени гардеробата.
-Во склад е со песната. Секој ден вежбам и внимавам што јадам, ианку неможев да влезам во здолништето, објасни таа.
Младата Адел ја отпеа „Скајфол“, темата од најновиот филм номиниран за најдобра песна, во светкаво златно-црно здолниште, од марката „Бербери“. Таа подоцна беше наградена со Оскар, со што успеа да го задржи својот престижен хет-трик: Греми, Глобус и Оскар и тоа само со 24 години. Единствено што и недостига е наградата Еми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.