| четврток, 6 декември 2018 |

Венус Вилијамс се соблече за магазинот ЕСПН

Американската тенисерка Венус Вилијамс се соблече гола за магазинот ЕСПН.

Таа во интервјуто зборува за болеста од која боледува, Сјоргренов синдром, која се карактеризира со создавање антитела кои ги напаѓаат сопствените ткива.

Оваа болест резултира со воспалување на некои жлезди во организмот, губење на енергијата и болки, што за професионален спортист значи крај на кариерата.

Венус за магазинот изјави дека во текот на најлошите мигови во животот не можела да игра тенис дури и по шест месеци.

Таа го прифатила фактот дека животот никогаш нема да ѝ биде ист како пред болеста и затоа сега е 31. на ранг-листата на тенисерки, а позната е и по најбрзиот сервис во историјата на женскиот тенис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top