| четврток, 6 декември 2018 |

Американски новинари тврдат дека ОВК им ги вадела органите на Србите, па ги шверцувала

Мајкл Монтгомери и Стивен Смит се американските новинари што дошле на Косово во 1999 година за да ја истражат повоената ситуација.

UCK

Американските новинари тврдат дека ОВК заедно со криминалните банди биле вклучени во шверц на орган кои ги ваделе од киднапираните Срби.

Во видеото, кое пред неколку дена беше објавено на интернет, Монтгомери раскажува дека тој и неговиот колега пристигнале на Косово непосредно по војната, фокусирајќи се на селото во кое српските паравоени сили извршиле масакр.

И еден месец по војната, на злосторствата над Србите не им дошол крајот и покрај тоа што НАТО ја протерале српската армија, а етничките Албанци се вратиле на Косово.

Во тој период во Косово се слчувале мистериозни исчезнувања на Србите кои биле киднапирани. Новинарите тврдат дека таму ги дочекувале лекари кои им вршеле прегледи. Оние кои биле „избрани“ по лекарскиот преглед ги носеле на друга локација, ги убивале, а нивните органи ги продале на црниот пазар.

Сомнителните докази, според сведочењата на новинарите, упатувале на тоа дека во одредена албанска куќа т.н. „жолта куќа“ се случувале операциите на вадење органи.

Монтгомери и Смит веруваат дека некои од високите членови на косовската армија биле поврзани со криминални организации кои тргуваат со човечки органи.

Како што е објаснето во видеото, информациите им биле предадени на ООН, кои потоа ја истражиле куќата и пронашле докази, а, сепак, потоа доказите биле запалени.

Поради тоа новинарите не можеле да ја објават приказната, сѐ до пред некое време кога излегле мемоарите на Карла дел Понте, која ја раскажала речиси истата приказна за трговијата со органи и поврзаноста на ОВК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top