| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC
Албанија денеска очекува да добие кандидатски статус за членство во ЕУ на состанокот на шефовите на дипломатии на државите од Унијата, кој ќе се
одржи во Луксембург.
Министрите за надворешни работи ќе ја потврдат веќе утврдената согласност на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, со кој се прифаќа предлогот на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Албанија.
Велика Британија, Германија, Франција и Чешка беа против можноста Албанија да стане кандидат за членство на ЕУ, но по акцијата на албанската полиција за уништување на наркоцентрите во земјата, како и спроведените напори на владата на Еди Рама за приближување на албанското кон европското законодавство и спроведување силна антиимиграциска политика, овие земји одлучија да не ставаат вето на албанската кандидатура.
Сепак, годинава не се очекува Албанија да добие датум за почеток на преговорите за членство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top