| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов на спектаклот „Види музика – слушни слика – добиј книга“

maja i gorge ivanovi

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар вчеравечер во Градски парк во Скопје го реализираа седмиот по ред мултимедијален спектакл „Види музика – слушни слика – добиј книга“, на кој присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов.

vidi muzika

Меѓу присутните беа градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, како и директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ), Златко Стефковски.

vidi muzika1

Во рамки на мултимедијалниот настан беше одржан концерт на оркестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на Мартин Пантелеев од Република Бугарија, беа подарени 20.000 примероци од литературното дело „Вита Бревис (писмо на Флорија Емилија до Аврелиј  Августин)“ од норвешкиот писател Јустаин Гордер, којшто е автор на „Светот на Софија“, роман за историјата на филозофијата, печатен во 30 милиони примероци, но и на популарните дела од неговото перо како што се „Божиќна мистерија“, „Ќерката на директорот на циркусот“, „Девојката со портокали“, „Замок во Пиринеите“ и многу други, а на две огромни платна со димензии 12 х 3 метри се одвиваше ликовен меч на кој силите си ги одмерија етаблирани академски ликовни уметници.

vidi muzika2

Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, се најдоа ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.

На репертоарот на концертот на Македонската филхармонија со наслов „Со танц низ светот“ вчеравечер беа поместени познати танци компонирани од Чајковски, Брамс, Дворжак, Бернштајн, Штраус, Бородин, Росини, Де Фаља и други, а беа отсвирени валцери, полки, полонеза, менуети, но и ориентални страствени танци како што е „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top