Украденa е лекарската документација на Михаел Шумахер и сега се нуди на продажба. Седумкратниот првак во Формула 1 имаше тешка повреда на главата и по повеќемесечна кома, тој е префрлен во една клиника во Лозана, Швајцарија, каде што го продолжува процесот на рехабилитација.
Неговиот менаџмент соопшти дека се украдени медицинските белешки и се нудат на продажба.
– Веќе неколку дена украдените документи се нудат на продажба. Кражбата е веќе пријавена и полицијата е веќе запознаена со тоа што се случува. Предупредуваме дека купување на тие документи и објавување информации од нив е забрането– се вели во соопштението.
Моментната здравствена состојба на Шумахер не е позната, а во претходното соопштение неговиот менаџмент објави дека веќе не е во кома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него
-
Објавени официјални информации за Шумахер, еве што се случува со него во моментов
-
По четири години пријател на Шумахер ја откри вистината за здравствената состојба