
Невладината организација „Цивил“ апелира до Црвен Крст и до другите хуманитарни организации во земјава да организираат хуманитарна помош за Бугарија, која во изминатите денови беше погодена од поплави.
Македонскиот и бугарскиот Црвен крст се во постојана комуникација, беше претходно соопштено.
„Убедени сме дека голем број граѓани на нашата земја се подготвени да ја покажат својата хуманост и овојпат, како и во тешките денови за населението на Србија, Босна и Хрватска. За тоа да се случи, потребно е да се организира таквата помош во материјални добра, како и отворање телефонски линии за парична помош“ се вели во соопштението на „Цивил“.
Македонија мошне брзо се организираше за помош на неодамна поплавените подрачја во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
Од невидени поплави до топлотен бран – најмалку 6 починати во Јапонија


