| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Св. Вартоломеј и Варнава

vartolomej-varnava

Според календарот на МПЦ денеска е  Свети Вартоломеј, кај народот познат како Вртолум. Во народот се смета дека овој ден е поврзан со вртењето на сонцето. Се верувало дека на овој ден сонцето се врти кон зима.

Првиот е еден од 12 врховни апостоли, а вториот од другите седумдесет. Вартоломеј проповедал заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и во Ерменија, каде пострадал маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени прво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се родил на островот Кипар.

Бил Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викал Јосиф, но апостолите му го дале името Варнава, што значи Син на утехата. Заедно со светите Павле и Марко проповедал во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е прв проповедник и во Рим и во Милано. Животот го завршил маченички на Кипар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top