Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, телефонски разговарале за различните аспекти на острата криза во Украина и перспективите за нејзино решавање, вклучувајќи го и спроведувањето на мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко, соопшти Кремљ.
– Путин нагласи дека за нормализирање на ситуацијата во југоисточните региони приоритетно значење би имало реалниот прекин на воените дејствија и почеток на директни преговори меѓу спротивставените страни – се наведува во соопштението на Кремљ.
Белата куќа од своја страна соопшти дека Обама му се заканил на Путин со воведување нови санкции, доколку Русија не успее да го спречи влезот на оружјето во Украина и не се повлече од поддршката кон сепаратистите.
Американскиот претседател ја повикал Москва да преземе конкретни мерки за намалување на тензиите во Украина.
Двајцата лидери, исто така, изразиле сериозна загриженост од офанзивата во Ирак на борците од терористичката група Исламска држава во Ирак и Левантот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.