Поранешен маринец, познат како капетан Кеј, тврди дека на планетата Марс има пет човечки колонии и дека 17 години се борел против нив.
Маринецот бил во вселенска флота, позната како одбрамбена сила на земјата, која регрутирала воени лица од САД, Русија и Кина. Тој тврди дека бил трениран да управува со разни бомбардери и вселенски бродови како оние во филмот „Војна на ѕвездите“.
По тренингот, според неговото кажување, бил задолжен за заштита на колонијата од марсовци, кои наводно сакале да ја преземат планетата Земја.
Според неговите кажувања, тој бил пензиониран по 20 години служба која ја минал на Марс, а на свеченоста на неговото заминување во пензија присустувал и некогашниот министер за одбрана на САД Доналд Рамсфелд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.