
Втората авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се изврши на 25 и 26 јуни, во периодот од 5 до 11 часот, информираат градските власти. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, прскањето ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


