| четврток, 6 декември 2018 |

Српски полицајци се сликале како мафијаши

policajci srpski mafijasi

Фотографијата на млади српски полицијаци со пиштоли во рацете  објавена на социјалните мрежи стана хит на интернет, но сепак популарноста скапо ќе ги чини.

Скандалозната фотографија на која тие се однесуваат како криминалци го нарушила угледот на полициската станица, особено откак локална радио – станица „Радио 021“ ги опишала како „банда мафијаши“.

„Телеграф“ дознава дека се работи за полицајци кои имаат положено Основна обука за полицаец во центарот во Сремска Каменица, кои го завршиле курсот во октомври минатата година. Никој од нив не знае како фотографијата завршила на социјалните мрежи.

Надлежната служба вели дека против сите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На фејсбук профилот каде што се појави фотографијата има голем број коментари со осуда, но и поддршка за младите „мафијаши“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top