| четврток, 6 декември 2018 |

Франц Милнер против авион тежок 142 тона за Гинис

Австриецот Франц Милнер утре ќе се обиде да сруши светски рекорд само со помош на своите мускули, односно да влече авион тежок 142 тона.

Милнер, кој е познат под прекарот „австриска карпа“, вели дека ова ќе биде најтешкиот потфат во неговиот живот.

Австриецот досега 13 пати се запишал во Гинисовата книга на рекори, а има и 15 рекорди во изданието „Рипли: верувале или не“.

Меѓу неговите последни неверојатни потфати се вбројува и влечењето на 12 поврзани кочии, како и вртењето на огромното панорамско тркало во виенски Пратер.

Милнер веќе има искуство со авионите. Во 2002 година тој беше на насловните страници на сите весници откако успеа да повлече Ербас А321 и тоа цели 10 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top