Нафтата за ориентациска испорака во април, на електронското наддавање на Њујоршката стокова берза опадна за шест центи, на 93, 07 долари за барел. Цената на нафтата падна бидејќи трговците се во исчекување на исходот од изборите во Италија, кои можат да доведат до слабеење на вредноста на еврото, наведуваат аналитичарите.Европската „брент“ нафта, што се користи за одредување на цената на различни типови странска нафта, ослабна за 12 центи, на 113, 98 долари за барел.
Според анкетите во Италија, во водство е коалицијата на чие чело е Пјер Луиџи Берзани со 34 отасто гласови, потоа следи коалицијата на Берлускони со околу 30 отсто, Бепе Грило со 17 и Марио Монти со околу 11 отсто поддршка. Берзани наведе дека, доколку победи на изборите, ќе продолжи со буџетската дисциплина што ја почна Монти, што ги израдува финансиските пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.