| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо да мисли на мечот, договарал секс во тројка

Репрезентативецот на Англија, Лук Шо наместо да се подготвува за дерби натпреварот против Уругвај, тој бил фокусиран во кревет да ги однесе плејбој-зајачиците Карла и Мелиса Хоу, открива британскиот таблоид „Сан“.

Младиот фудбалер се допишувал со една од сестрите близначки, Карла Хоу и бил убеден дека ќе успее да ја заведе и да договори секс во тројка со неа и сестра и Мелиса. Но, Карла, која претходно излегуваше со Патрис Евра и Ешли Кол била разочарана од неговото однесување.

– Мислев сака да има врска со мене и затоа го сфатив како комплимент фактот што се изборил да игра за Англија на Мундијалот. Но, кога ме праша за секс во тројка со сестра ми Мелиса, ми се згади. Тој е ист како и секој друг фудбалер – изјави Карла за таблоидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top