Во извештајот се наведува дека на Балканот постојат две големи мрежи на трговци со оружје кои се класифицирани според потеклото на јазикот. Едната е пансловенска, која работи во Србија, БиХ, Хрватска и помалку во Црна Гора и Словенија, а втората е албанска која оперира во Албанија, Косово и Македонија. Оружјето во западна Европа првенствено го криумчари пансловенската мрежа, а албанската повеќе тргува на сопствена територија, но е поврзана со италијанската и грчката мафија, се вели во извештајот.
Со оружје тргуваат главно организирани криминални групи кои се поврзани меѓусебно, но се почесто се снабдувале „на лице место“ кога заинтересираните доаѓаат во земјите од регионот и по релативно ниска цена купуваат оружје, а пооа со сопствени средства ги префрлаат во Франција.
Купувачите главно се криминалци, често поврзани со трговија со дрога, а се купува претежно помало количество (неколку десетици парчиња оружје) кое вреди од неколку илјади до неколку десетици илјади евра.
Оружјето од Балканот се појави на пазарот во ЕУ по завршувањето на судирите во поранешна Југославија, а во Франција стигнува од сите земји од Балканот, но највеќе од Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Од 2005 година во оваа земја се воделе 46 судски постапки против осомничени за трговија со оружје, а во 14 случаи им се судело на државјани на Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ и Словенија. Запленувано било разновидно оружје, од базуки, ракетни лансери, автоматски пушки, бомби и експлозиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.