| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку секс-факти од светските првенства

1. Мажите купуваат повеќе секс-играчки.

Обично шопингот на секс играчки е поделен подеднакво помеѓу мажите и жените, па така и двата пола земаат по 50% од светската продажба. Но, што се однесува до периодот на фудбалско првенство, работите стојат малку поинаку. Според податоците на производителот на секс играчки „Лело“, мажите имаат удел од 72% од продажбата.

2. Бум на секс-трговијата

Иако е многу тешко да се воспостави точна статистика, има докази дека секс-трговијата бележи раст за време на големите спортски настани. Нелегалните активности, како што се проституцијата и секс сообраќајот, исто така се „развиваат” повеќе за време на првенства.

3. Жените почесто стануваат жртви на сексуално насилство

Жените се во поголема опасност од мажите за време на светските спортски лиги. Според информација на Универзитетот „Дурам” и хуманитарната организација „Trust for London“, причините за ова се неколку: зголемената потрошувачка на
алкохол од страна на мажите, собирањето на навивачите на одредени места пред и по натпреварите, како и насилството меѓу толпата. Приливот на туристи и притисокот врз полицијата исто така се истакнуваат како закана за понежниот пол.

4. Нивото на тестостерон во фудбалерите е многу големо

Сексуалната активност не го намалува нивото на тестостерон кај мажите. Постојат студии кои докажуваат дека имањето на секс всушност во проценти го зголемува тестостеронот во огранизмот на мажот. Тоа, од своја страна, ги прави фудбалерите поагресивни на теренот.

5. Кондом во духот на Мундијалот

Вработени во системот на јавното здравје често спроведуваат кампањи, со кои ја зголемуваат свеста за сексуално преносливи болести. Тие дури ги снабдија навивачите со бесплатни кондоми. Мерката очигледно е ефикасна, бидејќи според истражувањето за време на минатото Светско првенство во Јужна Африка, 99% од проститутките користеле кондом за време на сексуалниот чин.

Извор: sunstar.com.ph

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top