| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе завладее ли Јуанот?

yuanРастот на нивото на јавниот долг во развиените економии ја придвижи кризата што се заканува да го урне доларот и другите големи валути, предупреди кинеската бонитетна агенција „Дагонг глобал кредит рејтинг“.

Развиените земји предизвикуваат „валутна криза“ со тоа што уште од финансиката криза од 2008 и 2009 година се обидуваат да ги придвижат своите економии со помош на лабавата монетарна политика, пренесоа француските медиуми.

-Светот се поактивно ќе ја бара новата глобална валута место доларот, еврото, јенот и фунтата, како замена во постојниот меѓународен валутен систем, наведува „Дагонг“.

Кинескиот јуан во извештајот на агенцијата не се споменува како алтернатива, но се наведува дека Кина заради добрите економски основи и се поголемото влијание во светот, е во добра позиција да ја игра водечката улога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top