Во Њујорк почнува нов курс кој ги учи жените како да бидат совршени старлети.
Професионална старлета, како што 37-годишната Карла Ебони го нарекува британскиот „Мирор“, досега патувала во целиот свет и примала скапоцени подароци од разни мажи кои не можат да одолеат на нејзиното друштво, но признава дека тие односи не се секогаш едноставни, па ги здружила силите со својот ментор, спонзорот Алан Шнајдер.
Тие отвораат Универзитет во Њујорк наречен „Шугар Дедс“, а студентките ќе учат детали за пет клучни елементи како да се стане успешна старлета: сексуалноста, разбирањето, великодушноста, привлечноста и реципроцитетот.
Изнајмиле пласични хирурзи, експерти за врски и експерти за финансии кои ќе ги советуваат жените.
– Ние сите сакаме мажите кон нас убаво да се однесуваат. И тука настапува нашето училиште. Нашите искуства го создадоа: врските можат да бидат подобри и ние сме тука да ги подобриме, вели Карла.
Директорот на училиштето Алан Шнајдер, кои е и творец на страницата SugarDaddsForMe.com, додаде дека ова ќе помогне на луѓето подобро да го сватат често погрешно сватениот стил на живот.
– Мораме да ги едуцираме двете страни да се почитуваат меѓусебно. Ќе работиме со различни профили на луѓе. Многу старлети се млади и привлечни, но и добро образовани девојки кои имаат финансиски проблеми, па спонзорите се како добродетели кои им помагаат. Не се работи само за секс, ние им помагаме да ја откријат искрата, вистинската поврзаност и многу парови се одлучуваат на брак, вели Шнајдер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старлетата тврди: Имав секс со Роналдо, а потоа ми даде 300 евра за такси (ФОТО)
-
Разводот ѝ донесе нова љубов: Накова на седмо небо со мистериозен маж (ФОТО)
-
Српска старлета умира во агонија: Наместо силикон, во задникот ѝ вградиле кинески отров
-
Ќе ми дадеш 2.5 милиони долари или сите ќе го видат нашето порно