Според Државниот завод за статистика лани во Македонија работеле 74.424 деловни субјекти. Најголем дел над 27 илјади или 36,7 отсто припаѓаат во секторот трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, по што следи преработувачка индустрија со над 8 илјади субјекти или 11,1 проценти. Во најголем дел од нив, 82 отсто, имаат до девет вработени, 9,6 отсто се без вработени или не го прикажале податокот за вработени, 3,9 проценти се со 10 до 19 вработени, 2,4 со 20 до 49, 1,7 отсто со 50 до 249, а само 0,3 проценти имаат над 250 вработени. Најмалку се застапени деловните субјекти од секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 134 или 0,2 отсто и рударство и вадење на камен со 182 субјекти или 0,2 процента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.