| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите прават реплика на Титаник

Амбициозниот план на Кина да изгради копија на Титаник се одвива според планираното, а првото патување треба да се случи 2016 година

Tiitanik
Во текстот на „Вашингтон Пост“ авторот фрла сомнеж дека патувањето со Титаник Два е премногу несигурно за да биде возбудливо. Иако Кина има изградено голем број на импресивни згради во последниве години, таа исто така, има и лоша репутација за употреба на евтини градежни материјали, а понекогаш и заштеда на сметка безбедноста.

Честите скандали поврзани со лошата изградба и во Кина и во остатокот од светот, се направени на терминот „Произведено во Кина”, што стана синоним за евтин и слаб квалитет на производите. Сепак, Титаник Два е можност да им се покаже на скептиците дека Кина знае да гради квалитетно, се вели во анализта на Глобал тајмс.

Спротивно на американските медиуми кои се сомневаат дека Кина ќе успее да изгради таква кавлиетна градба, државната новинска агенција Хинхуа се обидува да ги отфрли стравувањата за безбедноста на бродот. Тој само ќе потсетува на Титаник, а сè друго ќе биде најсовремената технологија, вклучувајќи ги и најновите системи за навигација и безбедност. На бродот ќе има и фитнес и ресторани, соопштува агенцијата.

Инаку, бродот Титаник потона во водите на Атлантикот на средината на април во 1912, а загинаа 1517 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top