| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Кардашијан доби своја видеоигра

Ким Кардашијан очигледно не се задоволува со фактот дека во медиумскиот свет е максимално експонирана, па сега сака својата доминација да ја прошири и на дигиталната сфера, така што креира сопствена видеоигра, која веројатно ќе ги ужасне сериозните гејмери. Старлетата на својот профил на „Инстаграм“ објавила анимирана фотографија од самата себе над која стои натпис „Ким Кардашијан Холивуд“. Сопругата на Кање Вест под сликата искоментирала: „Ѕирнете малку во мојот нов проект. Многу сум возбудена поради ова!“

Сѐ уште не се знае дали дигиталната Ким ќе биде авантуристички јунак како Лара Крофт или можеби во некој шпионски манир како Џејмс Бонд, но сигурно нејзината видеоигра ќе ја подели јавноста, како онаа „гејмерската“, така и онаа на која компјутерските игри не ѝ се посилна страна. Видеоиграта, најверојатно, наскоро ќе биде достапна во вид на апликација за паметните мобилни телефони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top