Луѓето понекогаш зборуваат работи што едноставно не ги мислат. Еве што изговараме често, а уште почесто не го мислиме тоа.
1. „Сѐ е ок“
Додека ништо ни најмалку не е во ред, но се надеваме дека другата страна ќе го разбере сама.
2. „Се слушаме, да одиме на кафе“
Толку многу пати ја изговараме реченицата кога во минување се среќаваме со некој што не сме го виделе. И одговорот секогаш е потврден иако двајцата знаете дека од тоа кафе нема да биде ништо.
3. „Таму сум за две минути“
Тоа се кажува иако сѐ уште не сте излегле од дома или, пак, сте неколку километри далеку.
4. „Ќе испиеме две-три пијалаци и си одиме дома“
Не само дека во прашање не биле два-три пијалаци…
5. „Ќе ти се јавам малку подоцна“
За десет минути, само да јадам. Но, заборави да речеш наредната недела, кога за некое чудо ќе се сетиш дека тој разговор си го водела минатата сабота.
6. „Не сакам драма…“
… затоа што сум таа која вообичаена ја почнува.
7. „Моментално немам време за врска“
Имам време на извоз, но немам момче.
8. „Без грижа, не сум налутена“
Навистина, бесна сум.
9. „Каков ти беше викендот“
Не ми е грижа каде си била, туку ме интересира со кого и што си правела. Ова само се обидувам да го скршам мразот за прашањата што следат.
10. „Нема да дојдам вечер, не се чувствувам најдобро“
Поради чипсот, сладоледот, чоколадите и петте сезони од омилените серии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


