| четврток, 6 декември 2018 |

Осум трика од модните икони

Кога ви треба дефиниција за одреден збор, го барате во речник. Кога ви треба совет за здравствен проблем, се обраќате кај доктор. Но, кога не знаете што да облечете, прелистувате модни магазини, а кога се нема доволно време за разгледување во потрага по инспирација тука се модните икони да ви помогнат. Селекцијата на дамите од продолжение, цели на нивниот индивидуалистички стил, сочинет од едноставни, а суштински трикови кои всушност ги прават тоа што се – модни икони.

The 66th Annual Cannes Film Festival - Opening Ceremony And "The Great Gatsby" Premiere

Никој не може да комбинира дезени како што тоа го умее Соланж Ноулс. Ако се плашите да споите неколку дезени, тогаш подучете се од стилот на Соланж. Дури и оние што сте мислеле дека никогаш не одат заедно, по триковите на оваа модна икона ќе го пронајдете вистинскиот начин.

off.net.mk-12258

Ако вашиот стил е помалку конзервативен, потпрете се на стилот на Грејс Кели. Од нејзиниот изглед ќе заклучите дека се доволни само очила за сонце кои целосно ќе ја изменат перцепцијата за вас.

Rihanna

Ријана преферира сексапилен изглед, но често може да ја забележиме како тие секси парчиња ги комбинира со спортски јакни. Токму таквиот изглед прават таа да биде моден индивидуалец, што секако ја прави да биде модна икона.

a4541e519ca97bafb7606a33db56c55a

Викторија Бекам речиси никогаш не носи рамни чевли. Есенцијалното парче од нејзиниот дамски стил секако се високите потпетици. Тие се клучот зошто таа секогаш изгледа женствено,  дури и да ги споила со обична памучна маичка и фармерки.

1719_151013163517203_600x400

Топ-моделот Кеј Мос едноставно не функционира без најважното парче од нејзиниот плакар, а тоа е култната мото јакна. Ова безвременско парче одговара речиси со сѐ.

граце

Грејс Џонс низ годините се обележа како јавна личност која носи специјални сценски стајлинзи. Но, тие станаа нејзино обележје и од приватниот имиџ. Кога ќе се спомене нејзиното име, прва асоцијација секогаш се ексцентричните и уникатни украси и шапки што ги носи.

audrey-all-black-flats

Одри Хепберн беше позната по класичниот женствен стил споен со блага доза момчешки фазон. Дури и да ги обожавате парчињата во машки кроеви, доволен е само туш или црн молив со кој ќе ги истакнете очите и веднаш ќе добиете женствена нота од целосниот изглед.

IrisApfel1

Легендарната Ирис Апфел е кралица во носењето модни додатоци. Дури и да не ги носите на начинот кој таа го прави, пронајдете го накитот  што ќе ве отсликува вам и карактерот што го носите во себе. Наједноставниот изглед секогаш добива душа со вистинските модни додатоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top