На агендата на Собранието на Република Македонија за шестата седница закажана за денеска на пладне, се предлог законите за изменување на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување, сите по скратена постапка, поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов.
На дневен ред се и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието на Република Македонија, како и предлог одлуките за избор на претседатели, нивни заменици, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија и на делегациите на Собранието во ПС на Советот на Европа, во ПС на ОБСЕ, во ИПУ, во ПД на ЦЕИ, во ПС на НАТО, во ПС на Медитеранот, во ПС на ПСЈИЕ, во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството