| четврток, 6 декември 2018 |

Израел ја бомбардира Сирија

Golan Heights road signИзраелската армија утрово соопшти дека извршила воздушни напади врз повеќе воени цели во Сирија, меѓу кои и седиштето на армијата, како одговор за прекуграничниот напад во кој загина едно дете. Во соопштението на израелската армија се наведува дека „целени се девет цели и оти сите се директно погодени“.

– Вчерашниот напад беше непредизвикан чин на агресија против Израел и претставува директно продолжување на последните напади во областа. Израел нема да толерира каков било обид за кршење на израелскиот суверенитет и ќе дејствува за да ги заштити цивилите на Израел – соопшти изралеската армија.

Во близина на сириската граница на Голанската висорамнина вчера експлодира едно возило, при што загина 15-годишно момче, а неговиот татко е повреден. По инцидентот, израелските тенкови отворија оган врз Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top