| четврток, 6 декември 2018 |

Холанѓаните произведоа електронски џоинт

Идеја која може да дојде само од Холандија. По електронските цигари кои моментално се хит во светот, на ред дојде да се направи и електронски џоинт.

Имено, холандската компанија „E-Njoint BV“ разви и произведе прв електронски џоинт во светот. Се работи за производи со еднократна употреба наменети за забави, музички случувања, барови, клубови и други слични собирања.

Моментално се произведуваат десет илјади еднократни електронски џоинти дневно кои можат да се купат низ Холандија на киосците и продавниците за цигари, а наскоро и во другиот дел на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top