Познати водителки, новинарки и актерки под мотото „Згодни и хумани“ учествуваа на хуманитарниот мини-турнир, кој се одржа вечерва во спортскиот центар „Форца“.
Марјана Станојковска, Ана Стојановска, Бона Пауновска, Власта, Ружиновска, Ивана Илиевска и многу други заиграа одбојка на плажа.
За регуларноста и за фер победата се погрижија водителот Жарко Димитриоски и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски.
Турнирот е во организација на „Гуте фрухте“ и Црвениот крст на град Скопје. Ќе се донираат речиси еден тон сокови за ранливите категории на население, бездомници и социјално загрозени семејства.
ФОТО: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.