Британската монархија смета дека се оправдани трошоците за реновирање на станот во палатата Кенсингтон во Лондон, кој претставува официјална резиденција на принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт и синот Џорџ.
Според британски медиуми, војводата и војвотката од Кембриџ потрошиле четири милиони фунти (5 милиони евра) за поправки и опремување на станот.
Портпарол на круната одби да потврди за сумата, но прецизираше дека кралскиот пар сам платил за купување нов мебел и покуќнина.
При реновирањето биле поправени електричните инсталации, водоводните цевки и поставен бил нов кров. Вилијам и Кејт се сместија во станот 1А во кој порано живеела принцезата Маргарета, сестра на Елизабета Втора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!



