Од утре низ сите Центри за јавно здравје ќе започнaт да функционираат Советувалиштa за откажување од пушење, кои од 20 август годинава ќе бидат достапни за сите граѓани кои сакаат да се откажат од цигарите.
Во овој проект, како што нагласи министерот за здравство Никола Тодоров, се опфатени здравствени работници кои се пушачи и истите од утре па до 20 август ќе поминат совеувалиште за одвикнување од пушење.
– Верувам дека со функционирањето на овие советувалишта и во практиката и со првично опфаќање на здравствените работници ќе овозможиме тие да се обучат за да помгнат на сите нивни пациенти во иднина во процесот на откажување од пушење. На овој начин со континуирана едукација и укажување на исклучително штетните последици од пушењето ќе придонесеме кон целокупно подобрување на јавнотоздравје и одржување на здрави генерации во нашата земја, истакна тој.
Во самиот процес на откажување од пушење се користи таканаречената ПЕТ-А стратегија.
Како што истакна ресорниот министер 80 отсто од лекарите сметаат дека пушачите полесно ќе се откажат од цигарите ако ги советува лекар.
Советувалиштата ќе бидат достапни за сите граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје, а ќе бидат воведени и посебни термини наменети за советување за откажување од пушење кај адолесцентите.
Едукативните предавања во овие советувалишта, нагалси Тодоров, ќе бидат фокусирани на презентирање на штетните ефекти од пушњето врз здравјето на пушачите, но штетните влијанија од тутунскиот чад за околината, како и на различните можности за откажување од пушењето и посочување на одредени супститути на никотин како што се медикаменти, мастики, лепенки за откажување.
– Во рок од првите 20 минути по откажувањето на цигарите се намалува крвниот притисок, во првите 12 часа нивото на јаглерод моноксид во крвта се нормализира, во периодот од 2 до 12 недели се подбрува циркулацијата и функцијата на белите дробови се зголемува, во периодот од 1 до 9 месеци се намалуваат кашлањето и отежнатото дишење, во текот на првата година ризикот од коронална срцева болсет е за половина намален во однос на ризикот кој постои кај пушачите. После пет години од откажувањето ризикот од срцев удар е намален, односно еднаков со оној на напушач, а по изминати 10 години од откажувањето ризкот од рак на белите дробови се намалува на околу половина од ризикот кој го сноси непушач, а воедно се намалува и ризкот од рак на уста, грло, хранопровод, мочен меур, грло на матка и панкреас, посочи Тодоров.
Заинтересираните граѓани ќе можат да одат на советувалиште два пати неделно по два часа, а предвидена е и групна едукација од по 10 тина пацинети, за сите оние кои ќе ги посетуваат советувалиштата.
Тодоров додаде дека е предвидено и индивидуално советувалиште, кое исто така ќе биде беплатно за сите заинтересирани пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



